7.8 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

Витаминка ќе го донира вишокот храна

Витаминка ќе го донира вишокот храна и ќе биде дел од проектот „Македонија без отпад – Мрежа за редистрибуција на вишок храна“ (Macedonia without Waste – Food Surplus Redistribution Network). Целта е преку взаемна соработка, разбирање и помош, да се овозможи успешна имплементација на систем за донирање на вишокот храна.

Со меморандумот за соработка потпишан меѓу Витаминка и носителот на проектот, Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“, целата храна што е безбедна за консумирање ,а е вишок од производството на компанијата, ќе биде дистрибуирана до здруженија и асоцијации кои понатаму ќе ја доставуваат храната до корисниците односно оние на кои им е потребна помош.

Витаминка ќе ја доставува храната соодветно стандардите и правилата за транспорт, а за што подобро и поефективно спроведување на планираните активности.„ Ајде Македонија“ веќе има создадено и одржува веб – платформа која е наменета за поврзување на компанијата Витаминка со Граѓански организации кои понатаму ќе ја дистрибуираат храната до нивните корисници кои бараат помош.

Проектот воведува систем на современа и ефикасна постапка за поврзување на донаторите на вишок храна, компании и производители и граѓанските организации кои обезбедуваат храна на своите корисници на услуги.Создадениот синџир на соработка, обврски и комуникација ќе доведе до намалување на состојбата со недоволната исхранетост во државата, намалување на недостатокот од храна и рационална редистрибуција на храната.

Ваквиот систем се покажа со позитивни резултати насекаде во светот каде што се користи и инспирира што повеќе компании да се вклучат во иницијативата.

Би можело да ве интересира

Утре се отвораат границите, само во четири земји граѓаните можат да се движат без обврска за прикажување на тест и карантин

Елизабета Филипоска

Прилеп во 2020 со најголем буџет досета !

Елизабета Филипоска

Во Грција сега влез само со пасош- белите ливчиња во заборав

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе