ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Втор ден политички препукувања

562

Продолжија политичките препукувања на тема кадровски решенија ЈКП Комуналец.
По вчерашните обвинувања од страна на ОК на ВМРО ДПМНЕ за наводно неисполнување на посебните услови Звонко Јованоски да биде директор на претпријатието, и реакцијата од страна на Општина Прилеп, денеска од ОК на ВМРО ДПМНЕ повторно одржаа средба со новинарите и тоа пред управната зграда на ЈКП Комуналец.
На прес конференцијата тие меѓу другото потенцираа:
„Општина Прилеп излезе со соопштение во кое наведе дека Ѕвонко Јованоски има високо образование со 240 кредити, но во нивното соопштение изоставија да кажат кога точно директорот на ЈКП Комуналец го исполнил посебниот услов за да биде назначен за директор.
Од Општина Прилеп не дадоа одговор на прашањето дали во моментот на поставување на Ѕвонко Јованоски за директор на ова претпријатие, го исполнувал посебниот услов, а тоа е да има високо образование со 240 кредити?
Прашуваме, дали е ова дипломата од Ѕвонко Јованоски, на која јасно пишува дека истиот се стекнал со 240 кредити на ден 04.07.2018 година?
Ако се земе предвид фактот дека Ѕвонко Јованоски директорисува со ова претпријатие веќе неколку месеци, а истиот се стекнал со 240 кредити пред само еден месец, значи дека имаме противзаконски избор на директор кој во моментот на изборот не ги исполнувал посебните услови.
Го повикуваме ОЈО по допрен глас да поведе соодветна постапка со цел утврдување вина и одговорност како кај градоначалникот Јованоски така и кај директорот на Комуналец Ѕвонко Јованоски.
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, ќе поднесе кривична пријава против градоначалникот Илија Јованоски и директорот Ѕвонко Јованоски за злоупотреба на службена положба и овластување, “ беше истакнато на денешната прес конференција.
Воедно, од ОК на ВМРО ДПМНЕ го повикаа и просветниот инспекторат да изврши увид на факултет и да провери на каков начин Ѕвонко Јованоски ја зел дипломата и за колку време го докомплетирал своето образование.

На ова, со писмена реакција денеска се обратија од ОО на СДСМ Прилеп, која во целост ја пренесуваме:
„Очајничките обиди на ВМРО-ДПМНЕ да прикаже некаква незаконитост во работата на новата локалната власт во Општина Прилеп, само потврдуваат дека и покрај 12 годишното практикување на власт, ВМРО-ДПМНЕ се уште не ги прочитале законите.
Звонко Јованоски, во моментот е именуван за вршител на должност директор на ЈКП „Комуналец“, а не е избран за директор на јавен оглас.
Именувањето на В.Д. директор и избор на директор на јавен оглас, се две различни работи, коишто не му се јасни на портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа, јавно изнесените клевети дека во моментот имало противзаконски избор на директор на ЈКП „Комуналец“, ќе треба да ги докажува на суд!
ВМРО-ДПМНЕ нема да успее со лаги и клевети да го оцрни успешното работење на ЈКП „Комуналец“ и градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски.
Криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога екс градоначалникот Марјан Ристески и неговиот братучед и директор на Комуналец, Златко Ристески – Џекчето, го уништуваа Комуналец нема да се врати.
Братучедите Ристески, оставија долг на Комуналец од над 1 милион евра!
Златко Ристески – Џекчето како избран директор на Комуналец во рок од 7 години исплатил над 500.000 евра за судски и адвокатски трошоци.
За разлика од тие криминални времиња, сега претпријатието финансиски се стабилизира и работи успешно.За 6 месеци со домаќинска работа на Звонко Јованоски, долгот е намален за 250.000 евра, а на вработените им се исплаќаат сите надоместоци што им следувале.
И да, законите денес важат за сите подеднакво. Секој што крадел од парите на граѓаните ќе одговара. ВМРО-ДПМНЕ тоа најдобро го знае!“

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: