14.2 C
Прилеп
четврток, 18 јуни, 2026
Пела Радио

ВО РЕГИОНОТ ДО 13 ЧАСОТ НАЈГОЛЕМА Е ИЗЛЕЗНОСТА ВО КРУШЕВО

Од прилепски- пелагонискоиот регион, во Крушево до 13:00 часот излезноста беше 33, 88 процнети, во Кривогаштани 25, 70 проценти, во Долнени 22,12 проценти, додека во Прилеп излесноата е најмала и изнесува  21, 69 проценти, односно од вкупно 62 053, излегле 13.437, информираат од ДИК.

Според Општинската изборна комисија, гласањето се одвива без значителни проблеми. Нема пријави за технички проблеми со биометриска идентификација, а излезноста е нешто помала во споредба со претходните локални избори во 2021 година.

Изборниот процес го следат вкупно 1.484 набљудувачи, од кои 800 се домашни, а 645 меѓународни. Присутни се и 14 странски новинари кои известуваат за текот на локалните избори. ДИК ќе продолжи да објавува податоци за излезноста на секои два часа во текот на денот.

 

Би можело да ве интересира

Попоски: Градоначалникот да го одржи предизборното ветување за намалување на старата цена на водата!

(ВИДЕО)Николоски: во рок од 4 г. ќе ги решиме сите инфраструктурни прашања во општина Прилеп

МВР: Гласањето од вториот круг на „Локални избори 2025“ се одвива мирно

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе