24 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

МВР: Гласањето од вториот круг на „Локални избори 2025“ се одвива мирно

Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава, посочува МВР во соопштение за текот на одвивањето на вториот круг од гласањето:

Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.  Регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од пријавите. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112.

Би можело да ве интересира

За два дена пријавени два физички напади

МВР АПЕЛИРА: Внимателно со социјалните мрежи

Расте бројот на туристи во Крушево

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе