14.7 C
Прилеп
четврток, 18 јуни, 2026
Пела Радио

Мирен изборен ден во Прилеп – илзлезноста до пладне 11, 01 %

Мирен изборен ден во Прилеп до пладне. Според ДИК излезноста до пладне изнесува 11,01%, а според информациите на политичките партии излезноста до 12,оо часот во Прилеп изнесува 16,41%.

Од вкупно број на избирачи во избирачкиот список 62 053, до пладне гласале 6.822.

Во Кривогаштани од вкупно број на избирачи во избирачкиот список 4.380, до пладне гласале 454, или 10, 37%.

Најголем одзив од регионот има во Крушево 16,97%, а во Долнени излезноста до пладне е 9,52%, односно од вкупниот број избирачи во Единствениот избирачки список 11.929, излегле 1.134.

Од ОИК Прилеп информираа дека навреме и непречено почна изутринава денешното гласањето во Прилеп и во општините во Регионот.

Во Прилеп денеска се гласа на 142 избирачки места, а своето право на глас го остваруваат 62 053 избирачи. Тие денеска бираат меѓу 9-те кандидати за градоначалници и за една од 11-те советнички листи.

Во Крушево гласаат 7768 граѓани со право на глас на 22 избирачки места. Во Крушево се 4 кандидати за градоначалник и 6 советнички листи.

Во општина Долнени, своето право на глас може да го остварат 11 929 гласачи на 39 избирачки места. Во Долнени се избира меѓу 7 кандидати за градоначалници и 14 советнички листи.

Во општина Кривогаштани гласачите бираат меѓу двајца кандидати за градоначалници и три советнички листи. Денеска гласаат 4 378 запишани избирачи на 13 гласачки места.

Би можело да ве интересира

ДИК (43 проценти обработени гласачки местa): Пендаровски 42,40 %, Силјановска 41,15 и Река 12,29

Сугарески објави кандидатура за градоначалник на Прилеп

Лукароска: Власта во заминување зад себе остава и јавни претпријатија пред банкрот, чиј вкупен долг надмина 2 милиони евра

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе