14.4 C
Прилеп
четврток, 18 јуни, 2026
Пела Радио

Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир

Според соопштението од Министерството за внатрешни работи Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава.МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.

Во 09:00 часот на улица „Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп, во врска со кривично дело „поткуп при избори и гласање“, ги лишија од слобода Б.Х.(72) и Д.С.(36), двајцата од Крушево. Во врска со истиот настан, во Полициската станица Прилеп повикани се С.А.(28), М.А.(31), Ш.А.(40), Д.А.(22) и Џ.А.(36) од Крушево, со престој во Прилеп. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од пријавите.

МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112.

Би можело да ве интересира

Пријавени 200 деца за учество во Бадниковата поворка во Прилеп, уште има можност за пријавување

ВНИМАТЕЛНО! Снегот по патиштата се чисти, но можни се одрони на одредени патни правци

Прилепските пензионери не се откажуваат, бараат правда!!!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе