11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Дали ќе се направи игран филм за Ченто?!

По повод  одбележувањето на 116 годишнината од раѓањето на Привот Претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, со положувањето на цвеќе пред споменикот во Прилеп од страна на преставници од локалната самоуправа, политички партии, преставници од боречката организација, здруженија на граѓани и граѓани,  историчарот Рубин Белчески, кој  веќе повеќе години работи на проектот „Ченто биографија низ фотографија“, истакна дека покрај постојниот документарен филм за Ченто, добро е и филмските работници да размисла да направат игран филм за животот и делот на Методија Андоно Ченто, бидјеќи со тоа би се прикажала македонската борба за независност

 

 

„Филмот би бил според книгата „Ченто мојот татко“, која ја пишувал неговиот, син, а му ја диктирал Ченто кога излегол од затвор. Порачувам филмските работници да се позанимаваат со таа книга, воопштои и со фотографиите кои ги собрав јас. И може комотно да се направи еден игран филм за Ченто, не документарен бидејќи таков веќе има. Ако знаеме дека тој е роден во 1902 годиина, во предвечерјето на Илинденското востание, потоа животот му продолжува во српскиот период, бугарската окупација, секако и повоениот период, така што преку неговото животно дело можеме да го следиме периодот на развојот и страдањата на македонскиот народ во периодот од 1902 година до смртта на Ченто во 1957 година“, истакна Белчески.

Белчески најавува и нов проект поврзан со Ченто  „Фото монографија“ за Ченто која што ќе ги содржи сите фотографии за него, како и хронологија на настани поврзани со ликот и делото на оваа значајна личност од историјата на македонскиот народ.- “личност која што целиот свој живот го поминал во борба за самостојна и суверена Република Македонија“-рече Белчески

 

СООПШТЕНИЕ до медиумите

На одбележувањето и одавањето почит на 116 годишнината од раѓањето на Методија Андонов Ченто не присустуваа преставници од политчката партија на  ВМРО ДПМНЕ, со образложение дека добиле ненавремна покана . Во писменото обрајќањето до медиумите меѓудругото од ОК на ВМРО ДПМНЕ се вели:

„Одбележувањето на значајни денови кои се поврзуваат со животот и делото на ликови кои дале особен придонес за самостојна, независна, и суверена Република Македонија, мора да биде сериозно со навремена организација како што доликува, а не на еден ваков срамен начин, кој остава впечаток дека некои работи се прават поради чиста формалност. Можеби СДС сака да го избрише овој дел од историјата, но ние во никој случај нема да го дозволиме тоа. Нашите идни генерации ќе знаат кој бил Методија Андонов Ченто и зошто истиот е значаен за македонската историја.
Имено, денес после 12 часот, е испратена покана до претставници од политички и други субјекти, за полагање цвеќе во 13:30 часот пред споменикот на овој великан.
Ако СДС и Заев, почнаа да се откажуваат од македонската историја, благодарение на погубните договори со Грција и Бугарија, дали на ваков несериозен начин треба да постапува и нашата Општина?’-меѓудругото се вели во соопштението на ОК на ВМРО ДПМНЕ

Би можело да ве интересира

Најавен прекин на електрична енергија во повеќе села во општина Долнени

Пела Редакција

„Пролетта не’ мами, на Могила не’ кани“, настан за традиција по повод Цветници

Пела Редакција

Владата прогласи кризна состојба

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе