15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Изложба на Мирослав Живковиќ во Цепенков

На 5 декември 2025 /петок/ од 13.30 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе биде отворена изложба на слики од Мирослав Живковиќ, уметник од Србија. Изложбата е  дел од меѓународната активност на ЦК „Марко Цепенков“- Прилеп и е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Сликите од Мирослав Живковиќ представуваат облик на неговиот интимен визуелен дневник на воспоставување однос со природата – циклус кој што тој постапни и прецизно го развива во последниве години. Се разбира упорноста на поетскиот континуитет, и мене кој поминува низ тој процес, подразбира и одредени поместувања во самата структура на сликата.

Мирослав Живковиќ е роден во Ниш, каде живее и работи на Факултетот за уметност, како редовен професор по предметите Цртање и Сликање. Имал 72 самостојни, на повеќе од 300 групни изложби во Србија и во странство. Учесник е на многубројни ликовни колонии, меѓу кои и на колонијата Дрен, на симпозиуми, предавања. Покрај со сликарство од 1992 година се занимава и конзервација. Добитник е на повеќе награди.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Велигденски панаѓур на ООУ Кочо Рацин – Прилеп

(ВИДЕО) На платото во храмот „св. Петка“ маестрален концерт за паметење на Драган и Ратко Даутовски и Андријана Јаневска

ВМРО ДПМНЕ ги промовираше кандидатите за пратеници

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе