15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

“Правото на изразување без цензура и ограничување“ – ораторска вечер за млади, организира Ротари клуб-Прилеп

Во организација на Ротари клуб Прилеп, вечерва (10 декември 2025 година) во Градската библиотека „Борка Талески“ во 19:00 часот, ќе се одржи прва градска ораторска вечер, насловена „Правото на изразување без цензура и ограничување“.

19-есет млади луѓе, средношколци, ученици од средните училишта од Прилеп, ќе говорат и јавно и ќе ги пренесат своите ставови, размислувања и пораки за важноста од слободата на говор и јавно изразување. Нивните ораторски способности ќе бидат оценувани од стручно жири, професорки по македонски јазик, кои ќе го следат ораторскиот израз, аргументацијата, јавниот настап на учесниците, поврзана со личните ставови и интереси на младите луѓе на оваа тема. Говорот, со кој се претставуваат младите оратори, треба да биде разбирлив за пошироката публика, јасен и прецизен.

Настанот се организира за прва пат од страна на Ротари Клубот-Прилеп по повод одбележување на Меѓународниот ден на човековите права.

Цел е да се поттикнат младите повеќе да ги развиваат говорните способности, да размислуваат критички и јавно да ги изразува своите ставови, „за да се намали комуникацијата која се повеќе се одвива преку екрани и тастатури“, велат организаторите.

Настанот има и натпреварувачки карактер. На крајот од ораторската вечер, ќе бидат наградени тројцата најдобри оратори со симболични парични награди, а еден од нив, млад оратор, ќе биде прогласен за победникот на ораторската вечер, додека сите учесници ќе добијат пригодни благодарници за активното учество.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Нека е аирлија –започна тутунскиот откуп, за цените сеуште се преговара!

Пела Редакција

Најчeсти прекршувања на работничките права има во преработувачката индустрија, текстилната, чевларската градежништвото,угостителството

Новозаболени две возрасни лица од Прилеп на 73 год. и 74 год.

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе