16.3 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Божиќен базар со германска нота во Прилеп

Божиќната и новогодишната магија, со германска нота, ќе блесне во градот под Марковите Кули, 15ти декември (понеделник). Германистите од Македонија, со цел да ја доближат германската култура, јазик и традиција, на плоштадот “Методија Андов – Ченто“, организираат т.н германски  Божиќен панаѓур. Германскиот базар ќе понуди божиќни колачиња, торти, переци, божиќни украси, изработени од ученици кои го изучуваат германскиот јазик, музика, едукација, ќе се разменуваат зборуви на германски јазик, ќе се презентира божиќната разновидност од друга култура. На Божикниот базар по германски пример поканети се сите добронамерници и поддржувачи на германската култура и јазик.
Настанот е во организација на  наставниците по германски јазик од основните и средни училишта на Општина Прилеп,   Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на Македонија и Гете-Институтот од Скопје, поддржано од Општина Прилеп.
На плоштадот „Методија Андонов – Ченто“  од 12:30 до 14:30 часот, учениците љубители на германскиот јазик и култура од основните и средните училишта од Прилеп, но и од други градови низ Македонија, ќе ја доловат празнична новогодишно/божиќна атмосфера преку игри, песни, новогодишни украси, ракотворби и богата празнична храна.
Базароте е замислен да ја донесе во Прилеп магијата на традиционалните германски Божиќни пазари. Настанот има едукативна и хуманитарен карактер. Целта е секој посетител, дете или возрасен, да може да стекне ново знаење, да развие емпатија и да ја почувствува убавината на германската култура преку непосредно искуство. Настанот е поддржан од повеќе општествено одговорни компании кои ќе учествуваат со свои производи, како и од партнер-училиштата и институциите што континуирано ја промовираат германската култура и јазик во нашата земја.
Програма на настанот:
12:30 – 13:30
Културно-уметничка програма на германски јазик со настапи на ученици од основните училишта во Прилеп, како и учество на најмалечките од градинката „Вишне“ и приватната градинка „Ројал Кидс Хаус“.
13:30 – 14:30
Посета на штандовите, интерактивни едукативни работилници и дружење со учениците. Секој посетител ќе може да научи нови зборови на германски јазик, да понесе ново искуство и да се приклучи кон хуманитарниот дух на настанот.

 

Би можело да ве интересира

СВЕТЛАНА МИШЕВА ОВЕНЧАНА СО „ЗЛАТЕН ПТОЛОМЕЈ“ НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ВО ХОЛАНДИЈА

Пела Редакција

Прилеп: Продолжува нагорната Ковид линија

Богата изложба на маски во пресрет на карневалот Прочка (ГАЛЕРИЈА)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе