24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Граѓаните можат да поднесуваат жалби и поплаки за Реконструкција на тротоари на улица „Кеј 1-ви Мај“

Започна реконструкцијата на тротоарите на улицата улица Кеј 1-ви Мај“, а општина Прилеп ги  вклучува и граѓаните да земат активно учество, да се вклучат, во реализацијата на проектот со носењето на предлози, решенија и одлуки според нивните потребите и видувања за поквалитетна реализиција на овој инфраструктурен зафат.

Транспаретно, на официјална веб страна од општината веќе е достапен т.н „Образец за поплаки за проектот „Реконструкција на тротоари на улица Кеј 1-ви Мај“

Образецот за поплаки на веб-страницата на Општина Прилеп можете да го преземете ТУКА

Образец за поплаки ќе остане објавен на официјалната веб страна на Општина Прилеп за целиот период од спроведување, сѐ до завршувањето и затворањето на проектот. А, сандачиња  за жалби и поплаки се ставени и во приемно одделение  ЕЛС Општина Прилеп.

Со започнување на градежните работи општината се обврзува да ја информира јавноста, односно локалното население и останатите засегнати страни дека можат да земат активно учество преку Механизам за жалби и поплаки, а со тоа и самите да се вклучат во реализацијата на проектот.

Целта на проектот е подобрување на локалната инфраструктура и создавање побезбедн простор за пешаците. Проектот „Реконструкција на тротоари на улица Кеј 1-ви Мај“, се спроведува како дел од „Проектот за поврзување на локални патишта во Република Македонија„ кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект (ЕИП) при Министерството за транспорт, со финансиска поддршка од Светска банка.

Образецот за поплаки, посетете ја веб-страницата на Општина Прилеп можете да го преземете ТУКА

Би можело да ве интересира

Попушти мост на железничката линија кај Црна река – Од октомври не сообраќа возот Скопје-Солун

КУЗМАНОСКА: Човекот кој дрско се однесува кон жените, денес маршира за правата на жените

Изложба на фотопортрети , промоција на книга „И јас сум тука“ и проекција на филм

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе