11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Привршува проценката на штетите од невремето од 23 јули во прилепско

Уште 200 барања треба да процени Комисија од Општина Прилеп до крајот на неделава за надомест на штетите од невремето што прилепскиот регион го зафати на 23 јули. До 3 ти август беа поднесени вкупно 1.315 барања за обештетување на земјоделските стопанства од невремето од град, ветер и дожд на околу 600 хектари, главно со тутун, пиперки и житни култури. Беа предизвикани огромни штети кои некаде се проценуваат и 100 отсто, а најпогодени се атарите на Мало и Големо Кољари, месност викана Орде Чопела, Варош и Кадино село.
Претседателот на комисијата Жарко Северкоски вели дека досега се процесуирани 1.100 барања, од кои најголем дел, или 80 отсто од пријавените штети се уништен род на тутунот, а 20 отсто се површини со пиперки и житни култури. Само мал дел на барања биле одбиени каде нема документација и не може по ниту еден основ да се докаже сопственоста.
Се очекува до крајот на месецов да биде изготвен и елаборатот од проценката на штетата.
– Имаме барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да ни бидат доставени просечните цени на земјоделските производи во последниве три години што е битно за изготвувањето на елаборатот. Сметаме дека елаборатот може да биде готов до крајот на август за потоа да го доставиме до советот на општина Прилеп, а и до второстепената владина комисија за процена на штети, објаснува Северкоски.
Инаку, комисијата ја заврши процената на штетите од првото невреме што го зафати реонот на 9 јули. Тогаш беа поднесени 105 барања за штети на 300 хектари. Елаборатот ќе биде доставен до Советот на Општина Прилеп заедно со оној за процена на штетите од невремето на 23 јули.

Би можело да ве интересира

Мајкл Дамески во финалето на американското шоу World of dance „Свет на танцот“

Гордана Цветаноска

Прилеп 4, Крушево и Македонски Брод по 1 позитивен случај на корона вирус

Скијачкиот центар во Крушево подготвен за туристите

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе