17.1 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Николоски: На скопскиот и охридскио аеродром поминале над 3,5 милиони патници

На отчетот на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во Прилеп, министерот за транспорт и врски, Александар Николоски на новинарско прашање посочи дека Македонија има нови 23 директни летови, а минатата година на охридскиот и скопскиот аеродром поминале над 3,5 милиони патници,што е голем за Македонија. Оваа година скопскиот аеродром се очекува да биде лидер во регионот со раст и да надминеме 4 милиони патници, рече мнистерот Николоски

“Почнавме сериозна политика на привлекување на нови авиолинии и авиокомпании, имајќи предвид дека Македонија нема излез на море и аеродромите се наш единствен излез и тука да доаѓаат повеќе туристи и повеќе луѓе за бизнис и можност македонските граѓани да патуваат. Она што сум горд е дека од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови односно авиолинии, последни се овие кон Алгеро- Сардинија и Палермо-Сицилија. Она што ми е драго е што двата аеродорми, охридскиот и скопскиот поминаа 3,5 милиони патници. Ако видите дека Македонија е 1,8 милиони, тогаш јасно е дека далеку е над бројот на население што го имаме и ако некои спинуваа, оваа година скопскиот аеродром ќе биде лидер со раст во регионот на поранешна Југославија што е гордост, имајќи предвид дека и Загреб и Сараево и Белград се поголеми како градови од Скопје што е додадена вредност”, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, коментирајќи ги владините политики во авиосообраќајот.

Тој додаде дека се започнати директни разговори со Саудиска Арабија за воспоставување на воздушен сообраќај меѓу двете земји што дополнително ќе се прошири мрежата на летови за Македонија.

Очекувам и од таму да објавиме директни летови до скопскиот и охридскиот аеродром и ќе продолжиме со оваа политика на стимулирање на авиолинии. Очекувам оваа година да поминеме 4 милиони патници што ќе е апсолутен рекорд”, истакна вицепремиерот Николоски. 

Би можело да ве интересира

Oпштина Прилеп оддаде почит на бесмртното дело на Гоце Делчев

Пела Редакција

За полуматурантите на располагање 1 800 места во 5 те средни училишта во Прилеп

Ќе собираат од каналите и речните корита биомаса за загревање на детската градинка

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе