7.4 C
Прилеп
недела, 30 март, 2025
Пела Радио

Утре изложба на дела од ДЛУП – В среда „Кубанска вечер„

Под мотото „ Традицијата е код, традицијата е течение“ утре, вторник 4-ти септември,  во 20.00 ч. во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на дела од членовите на ДЛУП.

Ова е проект кој во својата програма ги покрива сите ликовни дисциплини сликарство, скулптура, графика, фотографија, филм, видео, перформанс,.. а ќе се претстават околу 20 уметници.
– Идејата е да се охрабри истражувањето на љубопитните духови низ координaтите на уметноста, со цел да го пронајдат сопствениот автентичен израз инспириран од народното творештво. Во основа изложбата е обид за воспоставување на врска меѓу традицијата и современиот живот, како и враќање на изгубените корени – велат од ДЛУП, потенцирајќи дека задачата е стимулирање на имагинацијата на прилепските ликовни автори
Воедно, НУЦК „Марко Цепенков ,подготвен е и за в среда,за кубанската вечер,кој аќе се одржи во големата сала на домот на културата во Прилеп.Се очекува пуликата да ужива во  извонредното шоу со фламенко игрите на

бендот ЕКОС Фламенко.

Би можело да ве интересира

Изложбата на слики „Без наслов“ од уметницата Касиопеја, вечерва, последна пред воведување на рестрикциите?!

Гордана Цветаноска

Кинопремиера на „Бикини Мун“ од Манчевски во Прилеп

Гордана Цветаноска

Годишен концерт на Октет „Прилеп„ со убава староградска музика

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе