14.2 C
Прилеп
четврток, 18 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)Во Прилеп прв фестивал на рана музика-доближување на музиката од минатите векови

На 16 и 17 октомври во организација на ЦК „Марко Цепенков“со поддршка на Министерството за култура ќе се одржи новиот фестивал „Dulcia Sonant“ на рана музика, кој се реализира за првпат во Македонија. Целта е да се оживее и доближи музиката од византискиот и ренесансниот и средновековниот период.
– Фестивалот отвора нов простор за слушање на музиката од минатите векови и го истражува нејзиното влијание и врските со македонското културно наследство, преплетувајќи го со поширокиот европски духовен и уметнички контекст – посочи Ана Митоска, учесник на фестивалот.
За првпат во Макеоднија ќе се слушне редок инструмент – портативна оргула, ќе има моќни хорови и магија од едно одамна замолчено време.
На 16 октомври од 20 часот е првиот концерт „Помеѓу Кукузел и Палестрина“, на хорска музика, кој го спојува византискиот и ренесансниот израз, правејќи компарација и музичко претставување на сакралната музика на западната и на православната (источна) европска музичка оставштина.

Уметницата Кристина Раурик доаѓа од Шпанија и не го криеше задоволството да се обрати на македонски јазик за да го пренесе задоволството што учестува на Фестивалот на рана музика.
– Фестивалите од ваков вид се многу важни. Ја приближуваат убавината до луѓето, а понекогаш и овозможуваат да откријат мозаик кој може да стане нивна омилена музика и да ги инспирира. Се надевам дека фестивалот ќе продолжи да расте и да носи многу уметници, репретоари и музички традиции во Македонија, која има гостопримливи луѓе, рече Раурик.
Влезот за фестивалот во кино „Мис Стон“ е слободен.

На 16 октомври од 20 часот е првиот концерт „Помеѓу Кукузел и Палестрина“, на хорска музика, кој го спојува византискиот и ренесансниот израз, правејќи компарација и музичко претставување на сакралната музика на западната и на православната (источна) европска музичка оставштина. Изведувачи се хоровите „Св. Петка“ и „Пелагонитиса“ под диригентство на Гоце Секулоски, кој истакна дека фестивалот е многу значаен.
На 17 октомври, исто од 20 часот, е концертот „Средновековни еха“ – патување низ неисцрпните музички богатства на шпанската и европската средновековна традиција.
Ќе настапат Cristina Alís Raurich (Шпанија) на портативна оргула (organetto) и Ана Митоска (Македонија) – глас.

Би можело да ве интересира

Синдикатот пресметал: пораснала миналната кошница за декември‼️

Пела Редакција

Прилеп го прослави патрониот празник Св Никола – нови домаќини “Теракота“

Шубо беше тогаш : Ко “че” се договориш пред реклами, договорено е !! (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе