ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кубански фламенко танци во Прилеп

736

               Прилепчани утревечер ќе имаат ретка можност да уживаат во кубански танци  на т.н „Кубанска вечер“.  Шоуто, кое ќе се одржи во  големата сала од ЦК„Марко Цепенков“ , со почеток во 20,оо ч. ,  НУЦК„Марко Цепенков“ го  реализира во соработка со Општина Прилеп и  Министерство на Култура на Р.Македонија

„Се надеваме дека публиката ќе ужива во извонредно шоу со познати фламенко игри кои ќе ги изведе бендот ЕКОС Фламенко. Се работи за специјален проект  на Министерството на Р.Куба,  а по покана и во соработка со Министерство на Култура на Р.Македонија (настапите во Макеоднија се дел од EUROPE TOUR 2018) Членовите на ЕКОС се танчери со неоспорлив талент, високо техничко ниво, кои се обучувани од најдобрите педагози, танчери, кубански кореографи и најголемите фламенго фигури во светот. Нивните изведби се во вид на т.н. „шоуа“ и досега се имаат појавено во најголемите театри во Хавана и воопшто во Куба, настапувале и на фестивали, како и голем број национални и интернационални случувања во земјата. “истакана за Радио Пела директорот на НУ Центарот за култура, Марко Цепенков„.Менче Караџоска

Кубанската вечер  го рефлектира кубински идентитет преку музика, гестови, движење и внатрешен ритам на секој уметник.  Преку музиката и танцот, уметниците го прикажуваат енергичното и воедно и елегантното присуство на уметноста на фламенко, кое поминува низ различни стилови.,а Компанијата Екос има референтна позиција во кубанската музичка танцувачка панорама.

Таа е основана на Куба во 1999 година од страна на искусна група танчери и музичари. Екос припаѓа на Хаванаскиот танцов центар на Националниот совет на сценографски уметности на Куба на Министерството за култура. Ecos  е на турнеја во 7 земји во регионот на Балканот:  Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Бугарија и Грција, во период од крајот на јули до крајот на ноември 2018 година.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: