7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Невработеноста минато – сегашноста, нема работници

Во Пелагонискиот регион, со доаѓањето на странските инвестиици во безцаринските зони, се зголеми потребата за потенцијална работна сила.  Со овој проблем се соочува и Прилеп, и Битола. Меѓутоа главeн проблем е иселувањето на работоспособното населени во европските држави. На домашниот пазар на трудот се бараат занаетчии: бравари, дреари, шивачи, машински работници, се бара „машката работна сила, која се  помалку е застапена на пазарот на трудот“, велат, анализите од Регионалната стопанска комора – Прилеп, која, сериозно дискутираше на тема : „Актуелни состојби во стопанството на регионално ниво, со посебен  осврт на проблемот со недостаток на работна сила во повеќето стопански гранки“

„Ако пред извесен временски период разговаравме за потреба од едуцирана работна сила, сега една од клучните моменти е ндостигот на работна сила.Сетуацијата не е ништо подобра ни во регионот. Голем дел од младата популација, потенцијалната работна сила го напушта регионот и од во Европските земји. Процесот на миграција ние не можеме да го стопираме, но мора да бараме начин како да го амортизираме, да не направиме негативен ефект на капиталот кои во моментот го имаме во Прилеп. 538 илјади од македонската популација е замината во последниот временски период.  Пр. во Комфи Ангел, доколку на апликација се јавува 140 работници во просек, сега тоа го прават едвај 10-сет потенцијални работници. Губиме и потенцијални потрошувачи кои, дефакто, влијае и на производството. 41 % од буџетото на Македонија се полни од ДДВ, и доколку се губи потенцијалната потрошувачка, се губи прилиовот на ДДВ-ето во целокупниот државен буџет.  Исто така, и животниот стандар на  рабониците треба да биди наш предизвик и веќе почнавме благодарение на мерките кои ги презеде Владата во извесен временси период. Но, треба да се размислува како да се задржи  работна сила“- потенцираше Ирена Јакимоска ,Претседател на Регионалната Стопанска Комора – Прилеп

 

      „Во контекст на ова горливо  прашање „Филип Морис-Тутнски комбинат“, инвестира во СОУ „Р.Ристески – Ричко“ со 80 илјади долари, во реновирање на  четири училници за добивање стручни работници. Нас ни недостига машински работници и затоа е овој чекор на „Филип Морис“ се со цел да градиме кадри кои нам ни се потребни и да ги стемулираме тие да останат – додаде Кирил Станкоски, директор на Тут- Ком- Прилеп

 

        „Бараме решенија да го решиме овој проблем кој е актуелен години наназад. Генерално и ние како “Витаминка“ се соочуваме со недостиг на технички кадар, пред се академски. Се бориме, да ги направиме нашите кадри поконкуретни, со оние кои вработуваат во технолошко индустриските зони. Ќе мора да предлагаме мерки и активности кои ќе не стават на еднакво рамниште, и нас и нив(мислам на компаниите во технолошко индустриските зони), бидејќи се соочуваме со одлив на работна сила во тие комапнии, иако знаеме дека тие се корисници на државна помош кои значително ги олеснува условите за работа, споредбено со домашните компании – го истакна проблемот,  Орде Горѓиоски, од АД „Витаминка“

Стопанственицте на Прилеп барат да се направи национална стратегија за  спречување на иселувањето на потенцијалната работоспособна сила во Македонија,да се отворат компаниите и државата за увезување на работни сила ,беше дел од предлозите на стопанствениците или да им се овозможи на одредени странци да студираат на македонските факултети за да останат во Македонија.

Градоначалникот на  Општина Прилеп, при оваа средба, потенцираше дека со влегувањето во ЕУ ,може да се искористат европски фондови,кои би овозможиле задржување на младите во државата и во пелагонискиот регион

СТАТИСТИКА    

Според статистиката на Агенцијата за вработување на Р.Македонија во Прилеп. во јули  2018 година, регистриани се 6.820 невработени лица ,од кои речиси повеќе од половината се мажи.Во Битола,пак (од регионот) бројот на невработени регистрирани во Центарот за вработување-Битола е 4.825 лица, од кои 2.427 се невработени жени. Според целкупната евиденцијата на центрите за вработување во Македонија, најголем број од невработените се лица со основно образование  и без образование.

 

Би можело да ве интересира

Прилеп го одбележа Денот на пролетта и на Денот на Даунов синдром

Гордана Цветаноска

Барањата на работниците од „Еурокомпозит“ пред разрешница, Владата го усвои Предлог законот, на ред е Собранието

Прилепските фирми се соочуваат со недостиг од работна сила

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе