21.1 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Прилепчани сметаат дека барањата за надомест на штета од каснување од куче скитник ќе се злоупотребуват

Започнува примената на новото упатството за начинот и правилата на утврдување и исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња, ова го објави Општина Прилеп на својата веб страна.
Упатството ги посочува правилата со кои граѓаните кои претрпеле штета од каснување од бездомни кучиња на јавни површини на подрачјето на Општина Прилеп, да поднесат барање за надомест на штета и да ја применат постапка за спогодбено решавање на случајот.

“Постапката се спроведува преку формирана Комисија, која врз основа на доставената документација и утврдената фактичка состојба предлага висина на надоместок, по што на барателот му се доставува спогодба. Ги повикуваме сите граѓани кои имаат претрпено ваков вид на штета, да поднесат Барање со потребната документација преку Архивата на Општина Прилеп.“ се вели во соопштението“ се вели во упатството кое може да се пронајде на официјалните страници на општина Прилеп – веб и социјланите мрежи.

Но, на оваа објава на опшстинската страна свое  видувања имаат граѓаните кои во коментар бараат од надлежните да се реши проблемот со кучињата скитници, наместо да се бара начин како да им се исплаќа штета предизвикана од каснување од кучињата скитници, кои неофицијално ги има околу 1000 во градот.  Граѓаните сметаат дека тоа повторно ќе стане мета за злоупотреба на штета на општинскиот буџет.

ФБ: „Ne treba osteta za kasnuvanje od bezdomni zivotni, tuku treba da se zgrizat na edno mesto tie nedolzni zivotni i da se kastriraat i vakciniraat i da ostanat tamu se dodeka ne gi vdomi nekoj.. Dzabe e osteta, lujgeto toa ce go koristat na los nacin posle..’

ФБ : “Му ги отворивте чакрите за дополнителен приход. Колку информации не ни се јавно прикажани а ни се многу битни ама за ова ако може да земеме гратис супер. Имате ли увид колку имаат земено без да се случи тоа. Лани Прилеп водеше во исплата на каснување на куче. Драго ми е што бизнисот оди.“,

ФБ :„Mnogu poevtino ke ja kosta opstinata da gi soberi site gukeli i da gi vratat po selata od kade se pusteni..“

ФБ: „mn poeftino ke ja kosta opstinata ako gi kaznuva DzUKELITE sto gi ispustaat i taka pocnuva lanecot na bezdomni milenici..“

Се дел од коментарите.

Би можело да ве интересира

Водата за пиење во с.Алинци и с.Подмол е небезбедна за пиење

Увоз на работна сила бараат пелагониските стопанственици

Уште една хуманитарна акција на учениците и вработените од СОУ „Орде Чопела“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе