23.7 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Во Цепенков: изложба, концерт на Џамбазов и проекција на документарен филм за херојот Мирче Ацев

За трети и четврти април (петок и сабота) во Центарот за култура Марко Цепенков најавени се три настани, ликовна изложба, проекција на документарен филм и концерт на Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд:

На трети април 2026 г. /петок/ од 19.00 часот во Ликовната галерија од ЦК ,,Марко Цепенков,,ќе биде отворена изложбата ,,Од утопија до ентропија 83/26“ од уметникот Златко Крстевски на која ќе бидат претставени 30 слики масло на платно. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам. Изложбата е прeсek нa согледување и преиспитување на пејсажната архитектонска форма како бришење од природните еколошки топоними, односно визуелно согледување на климатските промени како културни промени.

 

На 4 април, сабота,  од 18.00 ч. во киното Мис Стон во НУЦК „Марко Цепенков“ ќе биде прикажан документарниот филм „Легендата за народниот херој Мирче Ацев“ по сценарио и режија на Влатко Костовски. Асистенти на режија: Веселинка Миневски, Ангела Костиќ, Гоце Боцевски, Ванче Игновски; Камера: Влатко Костовски, Ангела Костиќ, Маја Василевска – Ставров, Милан Брцески, Игор Илиоски, Жарко Трпевски; Наратори: Душан Најдоски, Мирче Најдоски, Круме Спиркоски, Јован Трајков, Рубинчо Белчески, Ирена Младеновска, Александар Стојкоски, Олег Ставров, Елена Оровчанец – Спироска; Наратор на сценариото: Доротеа Атанасоска; Видео анимација: Маја Василевска – Ставров, Влатко Костовски, Владимир Ставров; Видео и аудио монтажа: Влатко Костовски; Продуцент: Влатко Костовски.

– Игор Џамбазов со „Гуру Харе бенд“ ќе одржи концерт во ЦК „Марко Цепенков“ на 4 април 2026, сабота  од 20 часот.

„Најдоброто од Игор Џамбазов со ‘Гуру Харе бенд’ ќе биде на сцената, при што најпознатите хитови ќе прозвучат во полн сјај. Ќе се изведат и песни од последниот албум ‘Првите триесет’. Ќе се слават блузот и пишаниот збор. ‘Најдоброто од Игор Џамбазов’ е во рамките на ‘С.О.С фестивалот‘, кој во 2026 ќе се одржи во повеќе градови низ Македонија и е поддржан од Министерството за култура и туризам.

Би можело да ве интересира

Прилеп 4 нови случаи, вкупно 50 !Тел. на дежурни маркети и аптеки за време на државен карантин

Пристигна во Македонија историски документ од 17 век за посебноста на Македонците

Пела Редакција

Казни од 1500 до 2000 евра за непочитување на забраната за движење во шумите со кои стопанисуваат „Национални шуми“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе