23.8 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)Прилеп доби Центар за менаџирање со дебелината – прв во регионот

Во Прилеп се отвори Центар за менаџирање на дебелината сместен во здравствениот дом , во соработка со компанијата Ново Нордиск. Во рамките на овој центар пациентите ќе се дијагностицираат, ќе се прават лабораториски испитувања и анализи, ќе се одредува телесната дистрибуција на масното ткиво, а исто така ќе се врши и едукација на пациентите околу начинот на исхрана. Пациентите ќе можат преку матичен лекар да закажуваат преку Мој термин во посебна област во рамките на ендокринологијата како Центар за менаџирање на дебелинатa.
Проблемот со дебелината е доста актуелен, како коморбидитет се јавува во многу болести, кај многу пациенти. Тоа го забележавме и ни беше предизвик за да го отвориме овој Центар, кој ќе работи преку Мој Термин, значи матичните лекари ќе може да закажуваат пациенти, а со Центарот ќе работи докторката ендокринолог од нашата болница. Исто така, имаме двајца доктори на специјализација за ендокринологија така што за овој проблем што дебелината ја има во скоро сите болести и го нарушува квалитетот на живеење, работоспособноста кај луѓето, го отвораме овој  Центар за менаџирање на дебелинатаистакна  Д-р Кире Јоноски, директор на Општа Болница Прилеп.
„Во центарот за менаџирање на дебелината, пациентите, ќе се дијагностицираат, ќе се прават лабораториски испитувања и анализи, ќе се одредува телесната дистрибуција на масното ткиво,  исто така ќе се врши и едукација на пациентите околу начинот на исхрана, а и ќе се препорачува соодветен третмандали тоа ќе биде промени во исхраната, начинот на исхрана, физичката активност или пак препорака за фармаколошка терапија ќе зависи од профилот на самиот пациент”, рече Д-р Катерина Чешлароска Маркушоска , ендокринолог.
Отворањето на овој Центар е за навремено препознавање на дебелината како болест и реагирање, пациентите да не дојдат во ситуација да добијат и други болести.

„Треба да се подигне свеста не само кај населението, туку и кај нас здравствените работници дека со вакви центри ние ќе и’ дадеме значајност на оваа хронична болест. Но за жал и ние сеуште не ја поставуваме дијагнозата за дебелина Е66. Овие центри за менаџирање на дебелината се идентификуваат како центри за рано дијагностицирање, современ и навремен третман, менаџирање и превенција на компликации,” – меѓу другото истакна проф.д-р Ирфан Ахмети од Клиника за ендокринологија Скопје.

Инаку во земјава околу 65% од возрасното население има прекумерна телесна тежина , а 20% од возрасните живеат со дебелината како хронична болест.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СОУ „Ристе Ристески Ричко“ широка лепеза од струки, занимања и професии за идните средношколци

Регистриран земјотрес во Битола, се почуствува во Пелагонија

Д-р Јаков: Никој не е подобар од нас, немајте дилема, само треба подобра организација!(ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе