11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во тек санација на локалната патна инфраструктура во прилепско

Селата Галичани, Беровци, Мажучиште и Кадино се локациите каде градежната оператива е насочени кон подобрување на патната инфраструктура. Градоначалникот на Илија Јованоски и претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски денеска извршија увид во тампонирањето на улици и пристапни патишта во населеното место Галичани.
„Денеска сме во село Галичани за да видиме до каде се стигнати работите со тампонирањето на патиштата кои водат до нивите и околината на селото. Вчера се работеше во село Беровци, а идната недела исти вакви активности ќе има и во селата Мажучиште и Кадино Село. Тоа што им го ветивме на жителите на населените места, дека ќе извршиме поправка на патиштата кои водат до нивите, како и други активности со кои ќе им го олесниме секојдневното живеење, ќе го оствариме“, изјави Јованоски.
Следната година ќе се работи и на изградба на канализација во неколку населени места потенцираше градоначалникот Јованоски.
Кире Јосифоски, жител на Галичани, рече дека еден од најголемите проблеми со кои се соочува локалното население, се пристапните патишта до нивите, а голем проблем претставува и отсуството на канализациона мрежа.
„Улиците во Галичани две години не се тампонирани, сега благодарение на градоначалникот и локалната самоуправа, ти се во добра состојба. После извесно време очекуваме да бидат и асфалтирани, а ветено ни е да се изгради и канализација во населеното место, па се надеваме дека за брзо време и таа ќе биде направена“, истакна Јосифоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокиран регионалниот пат Прилеп-Градско, се бара прекин на ископот кај Оревоец  

ФФМ продолжува со поддршка на младинските категории, футсал, женските лиги, и покривање на трошоците за службените лица

Гордана Цветаноска

Вработените од прилепските градинки донираа за болницата и во спомен на нивната колешка Бисера

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе