7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Денот на независноста – некогаш, и денес (АУДИО)

 

 

Како беше пред 27 години на 8 ми септември, денот кој што татковината ќе го памети како голем празник, Ден на независноста.
Наш гостин во емисијата Жешко столче – тогашниот претседател на Собрание на Општина Прилеп, г-дин Илија Димоски.
Како беше тогаш во тие турбулентни времиња во 1991 година?
Спомените за овој голем ден никогаш не бледнеат, зашто Денот на независноста е длабоко врежан во историјата на Република Македонија.
„На достоинствен начин, без присила луѓето го дадоа својот глас за раздружување од Југославија,“ вели г-дин Димоски.
Слушнете го разговорот во рамките на емисијата „Жешко столче“ кој се емитуваше во живо на брановите на Радио Пела ден пред празникот на 7 ми септември.
Емисијата „Жешко столче“се емитува секој петок во 10 часот, а репризните изданија се во недела во 13 ч. и во вторник во 18 ч. на Радио Пела на 96,8 MHz или на нашиот линк за следење преку интернет.

Би можело да ве интересира

Прво приватно музичко училште во Прилеп „Matrix“- за младите да учат музицирање

Елизабета Филипоска

(видео) Советот одлучува дали јавните површини ќе бидат паркинг или пешачка зона

Елизабета Филипоска

ResPublica видео подкаст: Зошто токму сега ЕУ ги решава споровите на Балканот?

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе