28.1 C
Прилеп
вторник, 23 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)Франкофонски настан во Прилеп: Француската култура младите ја негуваат и почитуваат

Дека францускиот јазик и култура обединуваат, зближуваат и навистина се јазик и култура на мирот, покажаа учениците од основните и средните училишта од Прилеп, Битола и Кривогаштани. Има толку многу симболи што Франција ја прават единствена: модата, мелодијата, храната…Токму овие обележја за пријателската земја ги претставија децата во срцето на Прилеп на платото кај Градската саат кула, го раздвижија градот, а присутните уживаа во прекрасните музички, танцови и сценски изведби, презентации на уметност, мода и храна инспирирани од Париз и Франција.

Тоа беше разновиден и богат настан  насловен „Франкофонијата обединува срца – преку јазикот до мир“ кој што инспирира и потсетува на богатството од разноличноста на културите. Учествуваа стотина ученици од основни и средни училишта кои ги покажаа своите способности и уште еднаш потврдија дека културата и уметноста не познава граници. На настанот беа присутни градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски, францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, претставници на Францускиот институт во Македонија. Проданоски упати благодарност до сите учесници, наставници и организатори за нивната посветеност, како и до присутната публика која го збогати настанот.

Би можело да ве интересира

Промовирани две книги за деца на Иван Антоновски

Советот на Општина Прилеп в сабота ќе одлучува за доделување на хуманитарна помош за Турција

(ВИДЕО)Мицкоски од Прилеп: Оваа генерација ја има последната шанса, после којa нема поправен!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе