24.1 C
Прилеп
петок, 19 јуни, 2026
Пела Радио

Промовирани две книги за деца на Иван Антоновски

Денеска на пладне во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп се одржа промоција на книгите „Бакнежи од небото“ и „Градина полна латици“ на авторот Иван Антоновски.

Со оваа предновогодишна литературна дружба на која присуствуваа голем број дечиња и нивни родители, Центарот ги заокружува активностите на својата литературно-издавачка дејност за 2025 година.

М-р Иван Антоновски е асистент на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, каде, помеѓу другите предмети, држи вежби по предметот Книжевност за деца. Покрај академската дејност, тој е поет, писател, есеист, книжевен критичар и преведувач.

Домаќин на настанот и модератор беше Александар Еленин, а промоцијата ја збогати учеството на актерот Александар Тодески и ученици кои читаа извадоци од книгите.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Во чест на Тоше: Стружанецот Стефан Спироски со прекрасен ковер на песната „Усни на усни“ (ВИДЕО+ФОТО)

Никола Димески

Во црквата „Св. Кирил и Методиј“ Параклис, Прилеп концерт на Камерниот хор од Познањ, Полска

Пари од Светска банка и за прилепските улици

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе