28.1 C
Прилеп
вторник, 23 јуни, 2026
Пела Радио

Пронајдена античка статуа во дворот на црквата „Свети Никола“ во Чепигово

При градежни работи во дворот на црквата „Свети Никола“ во село Чепигово денеска е пронајдена статуа. Наводно статуата е пронајдена при туркање на тремот кој што е во план за реновирање. Станува збор за античка статуа за која што доправа НУ Завод и Музеј треба да истражи од кога датира.

Светиот храм, црквата „Св. Никола“ — во прилепското село Чепигово е претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ – ОА.

Црквата е гробишен храм, сместен во западниот дел на селото. Изградена е во XIX век. Претставува мала еднокорабна градба со покукружна апсида и подоцна дограден трем на западната страна. За време на Првата светска војна храмот значително настрадал. Подоцна е возобновен.

Црквата „Св. Никола“ е полна со мермерни елементи од старите градби на Стибера, како во самата градба, како сполии, така и во просторот околу неа. Со црквата има големиот број преданија, поврзани со селото Чепигово и стариот град Стибера кој што е предмет на археолошки истражувања.

Подоцна денеска во текот на работата во дворот на црквата беше пронајдена уште една статуа.

 

Би можело да ве интересира

Заев во Прилеп за пуштањето на модуларната болница и почетокот на изградбата на градинката во Точила

(ВИДЕО)Алексоски: Годинава за 20 % го зголемуваме договорното производство на тутун

Крушево добива модерна сала за кино, театар и посебна сала на Советот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе