16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Едукативен настан, промоција на детска книга и базар за нови родители во Прилеп

В недела, на 10 ти мај на тениските игралишта во Прилеп во близина на Могилата на непобедените ќе се одржи едукативен настан за нови родители и промоција на книгата „Време е за Даро“. Едукативно-поддржувачкиот настан е наменет за нови родители или родители на деца до 3 годишна возраст, со цел да обезбеди релевантни информации, стручни совети и практична поддршка во периодот на подготовка за родителството и првите денови по породувањето.
Воедно ќе се одржи бесплатен базар.
Преку внимателно селектирана програма, присутните ќе имаат можност да слушнат инспиративни и едукативни предавања од докажани стручни лица во својата област, кои ќе споделат знаење, искуство и практични совети што навистина прават разлика, велат организаторите од МАМА  САМА.
За учество на едукативниот настан влезниците се 500 денари.

Би можело да ве интересира

Пустош на липите во градот – настрадаа и липите во храмот Св.Благовештение

На што Општина Прилеп ќе го троши буџетот за 2019 г. од над милијарда и 290 илјади денари?!

Се уредува Могилата за рекреација и поубави прошетки

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе