20.4 C
Прилеп
недела, 14 јуни, 2026
Пела Радио

(Фото) И, мало и големо возеше велосипед на манифестацијата „Сите на велосипед“ во Прилеп

Повеќеод од 300 љубители на велосипедот, од мали до возрасни, од рекреативци до професионалци, денеска се вклучија во манифестацијата „Сите на велосипед“, која по повод 24 мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, по 20-ти пат се одржа во Прилеп.

Велосипедска тура, се одвиваше на релација Прилеп ( од центарот на градот) – Мало Коњари – Прилеп, во должинаод 12 км.  Велосипедисти, млади, деца и спортски ентузијасти беа дел од настанот со кој се одбележува и две децении од организирањето на оваа рекреативна трка на велосипедскиот клуб „Илинден“.

 

Прилеп уште еднаш покажа дека спортот, рекреацијата и заедништвото се вистински вредности кои ги обединуваат сите генерации.“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, кој зедеа активно учество во трката.

Велосипедот не е само превозно средство, туку и патување кон здравје, самостојност и авантура. Тоа е едно од најеколошките превозни средства со кое секој дестинација е достапна, велат организаторите промовирајќи го точакот како едено од најважните превозни средства за заштита на животанта средина .

Манифестацијата  „Сите на велосипед“ е во организација на велосипедскиот клуб „Илинден“, Сојузот на училиштен спорт на Прилеп,  Велосипедската федерација на Македонија и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) , под покровителство на Општина Прилеп.

 

Би можело да ве интересира

Здравствен дом Крушево обезбедува пункт за примена на брзи Ковид тестови

Прилепчани нема да престанат со блокади – камионите Бехтел и Енка активирани

Реакција: Ниеден протест не бил партиски или за личен интерес, не го поттикнувајте гневот на земјоделците

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе