17.4 C
Прилеп
недела, 14 јуни, 2026
Пела Радио

Опасност на улиците – се повеќе возачи управуваат возила без возачка дозвола

Во полцискиот билтен речисе секојдневно се информациите кои констатираат дека возачи управувувале возило без возачка дозвола. Од објавите, интересно е тоа што,  возачите не се малолетни и имаат право на добивање (полагање за) возачка дозвола, но го управувaле автомобилот без да имаат сообрајќаен документ, како потврда за знаењето за управување возило при учество во сообрајќајот.
Вчера, полицијата повторно „фатила“ возачи кои немале возачка дозвола, и двајцата 34 годишни луица, кои автомобилот го користеле без поседување на возачка дозвола. Во денешниот полициски билтен стои:
  •  На 24.05.2026 во 20:20 часот во с.Годивлје, општина Кривогаштани, полициски службеници од ПО Кривогаштани го лишија од слобода Х.Р.(34) од с.Алданци, крушевско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „спарк” со крушевски регистарски ознаки, управувано од Х.Р., при што констатирано било дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.
  • Истиот дена (24.05.2026) во 12:20 часот на ул.„Александар Македонски ” во Прилеп , полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.В.(34) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „киа” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.В., при што констатирано било дека го управувал воилото без да поседува возачка дозвола.
  • На 24.05.2026 во 18:45 часот во с.Крушеани, прилепско, полициски службеници од ПО Кривогаштани го лишија од слобода А.Н.(18) од с.Обршани, општина Кривогаштани. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „југо” со прилепски регистарски ознаки, управувано А.Н., при што констатирано било дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола .
По документирање на настаните ќе следуваат соодветени поднесоци, информираат од СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Син го запалил татка си при семејна расправија

Полициски билтен: Пожар во викендица- малолетничка избегала од дома – тепачка со нож…

Дете пронајдено во безсознание во базен од дворот

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе