На тутунарите до средината на јуни ќе им бидат исплатени субвенциите за предадено производство за реколта 2026/27, а производителите кај кои биле констатирани неправилности за 2024 та во пријавувањето на површините за засаден тутун исто така ќе добијат субвенции, најави Киро Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.
„Тутунопроизводителите кои требаше да ги вратат субвенциите за 2024 та година, со напорна работа со состаноци со релеватни фактори во државата, успеавме да не ги враќаат тутунарите тие средства. Така што, сите што имаат стекнато право на субвенции ќе си ги добијат. Најавата според која треба да ги вратат субвенциите, е нема враќање, нема повраток,“ посочи Ристески.
При контролите на ресорното министество биле констатирани пријавени, или не засадени површини под тутун или пак засадени со друга култура кај 90 кооперанти, за средства во вкупна висина од околу 350 до 400 илјади евра.
Стануваше збор за контроли со кои биле утврдени неправилности при пријавувањето на површините, за субвенции во 2024 та година кои биле исплатени во 2025 та.Сеуште се работи моделот и трајно решение околу исплатата на субвенциите за тутунопроизводство. Според Сојузот најдобро е, субвенциите за тутунопроизводство да бидат исклучиво според предадено количество, а не по обработена површина и субвенција за зелена нафта.
Расадувањето на тутунот е пред крај, иако во некои региони од источна Македонија деновиве започна бербата на ориенталниот тутун. Под оваа индустриска култура годинава се планирани 15 илјади хектари со очекувани над 31 милион килограми. И годинава регистрирани се 10 откупни компании.

