20.4 C
Прилеп
четврток, 16 јули, 2026
Пела Радио

Изложба “Детски цртежи“ од Ателје Артика

Утре, (5 јуни 2026 г. /петок/ од 18.30 ч.)  во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „ДЕТСКИ ЦРТЕЖ“ од Ателје Артика. Ќе бидат изложени 150 цртежи на ученици кои посеетуваат настава во ателјето.

Изложбата е поддржана од Министерство за култура и труизам.

Ателје Артика, основано во 2021 година, претставува простор посветен на креативноста, уметничкото истражување и развојот на ликовниот израз. Во ателјето се реализираат часови по цртање, сликање, графика и скулптура, наменети за деца, млади и возрасни со различни интереси и нивоа на искуство. Преку внимателно осмислен образовен процес, Ателје Артика ја поттикнува љубопитноста, како и креативното размислување и индивидуалниот уметнички развој на своите ученици. Наставата се фокусира на стекнување на технички знаења, но и на охрабрување на личниот израз и создавање на уметнички дела со сопствена автентичност. Ателјето е предводено од ликовните педагози Елена Димоска Николоска и Методи Исков, кои преку своето искуство и посветеност создаваат средина што поттикнува учење, истражување и инспирација преку уметноста и креативното изразување.

Би можело да ве интересира

Концерт на младинскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес

НАГРАДАТА „ЈАКОВ ОД КАМЕНА РЕКА“ ВО РАЦЕТЕ НА ВРВНИ МАКЕДОНСКИ АКАДЕМИЦИ, ИСТРАЖУВАЧИ И АФИРМАТОРИ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТОТ

Пела Редакција

Во Цепенков изложба на големите јапонски мајстори за дрворези

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе