26.1 C
Прилеп
четврток, 11 јуни, 2026
Пела Радио

Со претставите „Едмонд“ на Битолски и „Сина сенка“ на „Златен Елец“ се затвора програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“

Со последните претстави во официјалната и во придружната програма, и со панел дискусија денеска ќе се заокружи програмата на јубилејниот 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Од 17 часот е панел дискусијата насловена „На работ зад сцената: менталното преживување во театарот“.

Вечер од 19 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, публиката ќе ја види последната од деветте претстави во официјалната конкуренција. Тоа е претставата „Едмонд“ од Дејвид Мамет во режија на Оливер Мицевски, а во продукција на Битолски театар. 

Од 21 часот на сцена 105 е и последната претстава во придружната програма, претставата „Сина сенка“ од Брајан Рејнолдс во режија на Тамара Стојаноска а во изведба на Театар „Златен Елец“ од Скопје.

МТФ „Војдан Чернодрински“  завршува утре 12 ти јуни. На последниот ден предвидена е прес конференција  од 12:00 , а од 19:00 Центар за култура „Марко Цепенков“ ќе се одржи Свечено затворање на фестивалот и доделување на наградите по што ќе следи театарската претстава „ЦРНО ЗЛАТО“ од БЕОГРАДСКО ДРАМСКО ПОЗОРИШТЕ.

Би можело да ве интересира

Прилепските детски градинки добија нови прочистувачи на воздух

Денови на Крали Марко

Во тек пријавувањето за пинг-понгарскиот Меѓународен меморијален турнир „Илија Карески – Каре“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе