24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Прилепските детски градинки добија нови прочистувачи на воздух

ЈЗУ Детска градинка „Наша иднина“ – Прилеп доби 7 нови висококвалитетни прочистувачи на воздух, во вредност од 87.000 денари. Апаратите за прочистување на воздухот се дел од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, спроведувана од страна на Генералниот секретаријат на Влада и Министерството за животна средина.
Со тоа, прилепските детски градинки вкупно користат вкупно 20 прочистувачи за воздух, со претходните 13 прочистувачи, кои лани им беа доделени од страна на Министерството за животна средина, како награда за постигнатите резултати од пилот проектот со кој во градинката „Бончејца“ се направи ботаничка градина за развој на воспитно-образовниот процес на децата.

Директорот на прилепските градинки „Наша Иднина“, Орце Тодоровски, поздравувајќи ги мерките кои надлежните институции ги спроведуваат во справувањето со аерозагадувањето, истакна дека доделените прочистувачи на воздух имаат позитивен ефект и обезбедуваат поквалитетен престој на најмладите во градинките.

Прочистувачите се поставени во просториите каде најмладите го поминуваат најголемиот дел од нивниот престој, со што се обезбедува здрав и квалитетен воздух за децата, слободно извршување на нивните секојдневни обврски и нивна помала изложеност на загаден воздух и штетни четички.

Би можело да ве интересира

Премиера во мај на новата театарска претстава „Арапска ноќ“

Прилепскиот театар ја подготвува претставата „Саатот“

Пела Редакција

Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот, се зголемува и цената на мазутот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе