22.2 C
Прилеп
вторник, 23 јуни, 2026
Пела Радио

Групата “Кнап“ следна на прилепската манифестацијата “Од 0 до култура“

 Групата Кнап ќе биде онаа која четврток (25.06.) вечерта ќе настапат на Камента бина, во рамките општинскиот проект насловен  “Од 0 до култура”
Тоа е бенд составен од една девојка и неколку момци, кои едноставно обожаваат добра забава.
За нив жанровите не се важни, од поп и рок до најголемите хитови кои ги знаете. Нивната единствена цел е публиката да биде среќна, на нозе и да пее со нив.
Бендот ќе проба да ја оживее суровата емоција, џез-магијата и препознатливиот ретро-звук на неповторливата Amy Winehouse. Со огромна почит кон нејзиното творештво, во живо ќе ги пренесат безвременските хитови како „Back to Black“, „Rehab“ и „Valerie“.
Кој се КНАП?
• Ана Цветаноска – вокал
• Димитар Колевски – бас-гитара
• Стефан Самарџиоски – тапани
• Леонид Гешоски – гитара
• Леонид Насески – клавијатури
Музицирањето ќе започне во 21 ,оо часот!

Би можело да ве интересира

ИКТ Центарот во Прилеп ќе чува податоци од Народна банка

РК Прилеп во Универзална, Победа има понуда од сериозен инвеститор (ВИДЕО)

Се чисти околу разрушениот мотел кај Вештачкото Езеро

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе