32.7 C
Прилеп
понеделник, 29 јуни, 2026
Пела Радио

Институт за јавно здравје: Да се избегнува директно изложување на сонце од 11 до 17 часот ❗

Министерството за здравство денеска ги сподели препораките од Институтот за јавно здравје во врска со заштита од топлото време:

Да се избегнува директно изложување на сонце и активности на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот; носење светла и лесна облека, а на директно сонце заштитни очила и светлобојна капа со висок свод и широк обод; просториите за престој да бидат затворени и климатизирани; на отворен простор да се најде можност за почести одмори под сенка и да се избегнува директен престој на сонце;затворање на  прозорците и ролетните во текот на денот, а отворење  навечер, кога температурата е пониска; внесувајте умерена количина храна и доволно течности во текот на целиот ден, без да се чека да се почувствува  жед;  во паркирано возило, отворете го прозорецот за да се овозможи е вентилација; туширање  со млака вода по потреба; лицата со хронични болести, особено оние со болести на кардиоваскуларниот систем, невролошките и белодробните болести, потребно е да бидат посебно дисциплинирани по однос на овие препораки и да ја земаат својата редовна терапија.

Би можело да ве интересира

До 31 јули продолжен рокот на важност на патните исправи и возачки дозволи

Полицијата приведе 7 лица во Прилеп

Пела Редакција

Да донираме за Кате: Ја води најтешката битка, потребна е наша помош

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе