31.2 C
Прилеп
среда, 1 јули, 2026
Пела Радио

Полициски билтен: тепачка меѓу струмичани и приведен прилепчанец-му се заканувал на татка си

Од полицискиот билтен две информации за Прилеп кои се однесуваат на физичка пресметка меѓу струмичани што се случила вчера на ул. Леце Котески и за полициско приведување на прилепчанец кој што му се заканувал на татка си и при тоа се повредил:

  • На 30.06.2026 во 22:15 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„Леце Котески” во Прилеп ги лишија од слобода Ц.М.(33), А.И.(30), Т.И.(30) , С.К.(44) и 15-годишен малолетник сите од с.Баница, струмичко бидејќи го нарушувале јавниот ред и мир со физичка пресметка. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
  • На 30.06.2026 во 21:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода З.Д.(38)  од Прилеп бидејќи упатувал закани кон неговиот татко. Според пријавеното, додека се заканувал, си нанел и повреда со стаклен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

За објави на говор на омраза на социјалните мрежи прилепчанец добил кривична пријава

Пела Редакција

(ВИДЕО- ГАЛЕРИЈА) ИКТ Центарот во Прилеп – основа за идниот Шенгенски информациски систем

Каратистите со македонско потекло одлични на отворенoто првенство на Австралија во карате

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе