18 C
Прилеп
среда, 22 јули, 2026
Пела Радио

Прилепските ротаријанци обележаа 3 планински патеки на Селечка планина и донираа за лицата со оштетен вид

Ротари клуб Прилеп не мирува со својот придонес кон заедницата и донации за ранливите категории. Ротаријанците поставија прва информативна табла со детални податоци и генерирани QR кодови за трите целосно обележани планинарски патеки на Селечка Планина. Информативната табла е поставена во непосредна близина на Манастирот „Св. Димитрија“ с. Селце, на почетокот на главната патека. Сите патеки се обележани со видливи знаци на лице место, а самата апликација е многу прецизна и води до точната дестинација и назад. Дополнително, на таблата можат да се најдат  информации за називот на патеката и за нејзината должина.

„Нашата цел е да го поттикнеме спортскиот дух и да успееме да ги вратиме луѓето во природа. Веруваме дека се’ поголем број наши сограѓани, но и луѓе од други места ќе уживаат во природните убавини. Oстанува уште да упатиме јавен апел до граѓаните да ја почитуваат природата, да не фрлаат отпадоци (да ги собираат исфрлените) и да внимаваат да не предизвикаат шумски пожари во периодот што следи,“ посочија од Ротари клубот Прилеп кои пред неколку месеци донираа дрон на ТППЕ Прилеп за следење на шумски пожари и сомнителни активности во заштитени подрачја. 

Воедно, деновиве прилепските ротаријанци донираа и дигитална видео лупа за Здружението на слепи и лица со оштетен вид. Донацијата поддржува поголема достапност за слепи лица и лица со оштетен вид во Прилеп. Уредот користи камера и екран за да им помогне на лицата со оштетен вид.

Би можело да ве интересира

Велешката „Рацин“, минијатурата „Вампири“ и дипломска на ФДУ на 6. ден на МТФ „Војдан Чернодрински

На Могилата во чест на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, организира Унијата на жени при ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп

Jапонскиот амбасадор во посета на Витаминка

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе