„Прилеп продолжува онака како што започна пред десетина години: да гради кадри кои што би можеле да испорачаат сериозни политички функции. Ја користам приликата да му да му честитам на новиот претседател на општинскиот комитет Христијан Тунески за изборот. Се надевам дека од него ќе добиеме уште подобри резултати за ВМРО-ДПМНЕ, за Прилеп и за Македонија. Имам огромна чест што после долги години еве и од Прилеп има претставник во највисокото тело на партијата, во извршниот комитет. Честа е една работа, но обврските и вложувањето за подобро утре на Македонија сигурно ќе бидат императив за мене во периодот кој што претстои,“ рече Дејан Проданоски.
Проданоски: Прилеп продолжува да гради кадри за сериозни политички функции
Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп и досегашен претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп, а сега член на Извршниот комитет на партијата со свој коментар околу најновите партиски одлуки и функции во владеачката партија:

