7.3 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Mладите вардарци славеа против Прилеп со 1 гол предност

Со 29-28 РК Вардар Јуниор на домашен терен го победи составот на Прилеп. Ракометарите на Прилеп беа поубедливи на стартот со водство од 0-3, а во продолжение вардарци се консолидираа и на одмор обезбедија минимална предност од 13-12.
Во второто полувреме се повтори истиот полет на Прилеп предводени од Бозароски и Ролевски при што направија предност од 3 гола разлика во своја корист 20-23. Но, тоа не беше доволно, зашто во завршницата младите вардарци мудро креира акции за предност 27-24во серија од 7-1.
Не беа доволни напорите на прилепчани до последниот свиреж, зашто само успеаја да намалат само на 29-28. Бозароски и Ѓорѓиоски со 14 гола, или половина од вкупно постигнатите беа најдобри кај Прилеп.

Би можело да ве интересира

Под мотото „Заедно посилни„ ЏК Сеишин го одбележа Светскиот ден на џудото

Елизабета Филипоска

Во ракометен Прилеп на повидок меморијален турнир “Таста – Лара„

Елизабета Филипоска

Празнична автомобилска глетка за уживање – Tuning Car Show Прилеп 2022 (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе