27.1 C
Прилеп
петок, 3 јули, 2026
Пела Радио

ЏК Сеишин – Прилеп со 12 медали на џудо турнирот „Скопје Опен 2026“

На Меѓународниот џудо турнир „Скопје Опен 2026“ за деца, помлади пионери и кадети, во организација на џудо клубовите Ипон и Карпош Џудо Мастер од Скопје, ЏК Сеишин – Прилеп настапи во сите возрасни категории и ги “собра’ медалите  – вкупно 12 медали: 8 златн 2 сребрени и  2 бронзени медали.
 Резултати поединечно:
Кадети: Дила Пупаловиќ – 1 место, Теодора Илиоска – 1 место, Тамара Илиоска – 2 место
Помлади пионери: Елдина Пупаловиќ – 1 место,  Бисера Јовеска – 1 место, Матеја Николоска – 1 место
Деца: Бисера Цветкоска – 1 место, Иван Јошески – 1 место,  Стефани Ристеска – 1 место,  Христијан Бунески – 2 место,  Владан Стрезоски – 3 место,  Марко Андрејевски – 3 место.
Со овие резултати ЏК Сеишин Прилеп беше прогласен за најуспешен клуб, односно севкупен победник на овој силен меѓународен турнир ( освојувајќи пехар) уште еднаш потврдувајќи го квалитетот и посветената работа на клубот.
На „Скопје Опен 2026“ за деца, помлади пионери и кадети, учество зедоа околу 230 натпреварувачи од 26 клубови , од 6 држави: Македонија, Албанија, Молдавија, Косово, Србија и Грција.

Би можело да ве интересира

Кузманоски со победа дебитираше како тренер на струшкиот турнир

Трипуновски: Откупот привршува, следуваат подготовки за измени во Законот за тутун

Три медали од државното првенство во бокс за боксерите на БК АС Прилеп (ФОТО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе