8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

(ФОТО) Ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ во Торино со Еразмус +

Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп повторно активни со своите наставници . Во средината на минатот месец тие беа дел од проектот „Наследството од минатото, искуството од сегашноста и ветувањето на иднината” (“Heritage of the past, experience of the present and promise of the future”) , од програмата Еразмус+,  во Торино, Италија.

Четворица ученици со своите двајца ментори, една недела,имаа можност да работат на оваа тема  и да се запознаат со мигрантите од кампот за мигранти во Сетимо во непосредна близина на Торино, што беше искуство плус.

Учениците имаа прилика чујат за животни приказни на мигранитите од Азија и Африка, да  ја увидат работата на Црвениот Крст, кој во тој регион им помага на мигрантите и имаа можност да  видат што и како се прави, за интеграција на мигранитите во општеството

Со домаќините-ученици од училиштето во Торино, учениците од СОУ СОУ Ѓорче Петров – Прилеп  работеа на презентирани постери за стереотипите на населението од различни држави ,интервјуа со мигранти,  видео презентации за занаети, за традиционални танци и познати ликови од минатото.
Тоа беше едно ново искуство за сите учесници, како и за учениците од Македонија. Во текот на работилниците учениците постиија музеии, имаа прошетките низ прекрасниот град Торино, а колегијалноста меѓу групите без сомнение ја зголеми дружбата меѓу учениците со што се склопија пријателства кои сигурно ќе траат долго.

.

Би можело да ве интересира

Четири дена ракометна возбуда во чест на ракометната легенда “Миле Нешкоски” (ВИДЕО+ФОТО)

Никола Димески

Kасарната „Мирче Ацев“ го одбележа Денот на артилерискиот баталјон

Гордана Цветаноска

Тутунарите добија одговор од МЗШВ како ќе се распределат парите од Ковид пакетот

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе