7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Сузана Николоска од ООУ„Кире Гаврилоски Јане“ меѓу најдобрите просветни работници во Македонија

Сојузот на просветни работници денеска одржа свечена академија во Куманово по повод Светскиот ден на учителите, на која беа прогласени најдобрите. Во престижната група од 6 најдобри просветни работници за која се изјаснија нивните колеги е Сузана Николовска од „Кире Гаврилоски Јане“ Прилеп, како и Гордана Угриновска од „Елпида Караманди“од Битола, Љупка Стоименова од „Никола Карев“ Кочани, Фатиме Алии од „Живко Брајковски“ од Скопје, Лидија Михајловска „Наце Буѓони“ од Куманово и Раде Илиевски од „Рајко Жинзифов“- Скопје.
На свеченоста, присуствуваше и заменик министерот за образование Петар Атанасов, кој им го честиташе Денот на учителот и вети дека надлежните институции ќе работат преку законски измени со кои ќе се скратат административните работи на учителите за да можат да се посветат на воспитувањето и образованието на учениците. На оваа традиционална манифестација беа прогласени и најдобрите професорите и учителите од македонските училишта.
На свечената академија се обрати и претседателката на Сојузот на просветните работници на Македонија, Лидија Николовска-Георгиевска.
Светскиот ден на учителите 5-ти октомври УНЕСКО го прогласи во 1993 година, а веќе од 1994 година Македонија го одбележува со скромни свечености.

Би можело да ве интересира

Гајдата на Пеце по 25 год. ќе засвири: започнува Фестивалот на народни инструменти и песни

Гордана Цветаноска

Боево гаѓање деновиве во прилепско, битолско, демирхисарско…

Пела Редакција

Победа се прости од куп натпреварите

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе