7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп формира уште едно ЈП

„Енерго Прилеп„ – Прилеп е новоформираното јавно претпријатие за енергетски дејности. Основната дејност на  ова претпријатие ќе биде управување со системот за енергетската ефикасност, дистрибуција и пренос на приорден гас, формирање на инфраструктура за обновливи енергенси, производство и примена на мерки за користење обновлива енергија, за  потребите на јавните претпријатиија, стопанственците и домаќинствата. За директор или управител на ЈП за Енергетска ефиксност е назначен , Игор Спиркоски.

И, токму оваа точка на дневен ред на денешната седница пред советниците на  Советот на Општина Прилеп, беше „камен на сопнување“. Опозицијата бараше одговор: „која е потребата од формирање на претпријатие ,во  оваој моментот кога природниот гас се уште не е стигнат во Прилеп ?„  и бараа одговор на прашањето: “кога Прилеп ќе добие гас и до каде е гасификацијата на Прилеп?!„. Но, советниците од ВМРО ДПМНЕ побараа и референција за стручноста на човекот кој беше назначен за директор, а пред советнците беше преставен само со име, призиме  и улица на живеење.

Советниците на СДСМ и коалицијата ја потенцираа потребата од навремено формирање на вакво јавно претпријатеи поради огромниот јавен интерес за користење на обновливи видови енергија и започнување на процесот на енергетска заштита во општината, преку изработка на потребнта подготвителна документација, структура на кадри и создавање на услови за тоа,за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа,за подготовка на институциите да ги заминат постојните енергенси со природен гас..,  а директорот на новоформираното јавно претпријатије пред советнците ги презентираше своите искуства и квалификации во оваа област, за да не постоји сомнеж во неговито избор.

Инаку, гасот во Прилеп се очекува да пристигне во 2020 година, а ќе придонесе за 50% да се намалат трошоците за загревање на јавните инстуции.Општината јво јуни распиша  јавен повик до сите субјекти од  индустријата, комерцијалниот, јавниот и услужниот сектор, малите и средни претпријатија, да достават информации за потребите за користење на гасоводниот систем и за мислења за гасификација на општината Прилеп, со цел правилна и точна проекција на трасата и капацитетот на секундарната гасоводна мрежа, која што треба да се гради на територија на општината.

На денешната седница беа одобрени и 6 милиони денари,  од Буџетот на Општина Прилеп, за обештетување на прилепските земјодлци од двете невремиња, кои се случија ова лето,  а комисијата за проценка на штети, Советот ја задолжи да напрви распределба на овие средствата, според достигнатите и прифатените барања.

Одлуката за измена на распоредот на средствата од Буџетото на Општината беше прифатена и за додлување на средства на РК „Прилеп“ во висина од 1,200 милион денари,како и за набавка на протипожарно возило.

На деншната седница на Совет беа разгледан и тримесечните извештај на ЈКП-ја во Прилеп и извештати и одлуки  проврзанани со работењето на училиштата

 

Би можело да ве интересира

Производите на Витаминка пред светската јавност на саемот ISM во Келн

Пела Редакција

 ВНИМАНИЕ: Утре пороен дожд, грмежи и силен ветер

Пела Редакција

Жељко Јоксимовиќ на третата вечер од Пивофест

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе