16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Калиопи со нова песна поддржана од Витаминка

Македонската естрадна ѕвезда Калиопи Букле ѝ го претстави на јавноста видео записот за својата нова песна наречена „Пресуда“. Во реализацијата на овој проект беше вклучена и Витаминка, како редовен поддржувач на музичката продукција. Целта на поддршката од Витаминка е заедничка успешна промоција на Витаминка и нејзините брендови, во Македонија и регионот.

„Пресуда“ е моќна балада полна со емоции, испеана на српско-хрватски јазик. Во видео записот, покрај македонската дива, се појавува и брендотАтлантис, како дел од сценографијата. Со оглед на фактот дека песната е наменета за повеќе пазари, со позиционираноста на брендовите Витаминка и Атлантис, дополнително ќе се промовираат производите на сите околни пазари.

Првичните реакции на песната од тимот што беше инволвиран во создавањето се навистина одлични и интензивни. Зад музиката, текстот и аранжманот стои потписот на текстописецот Ромео Грил, а видео записот е снимен во најголем дел во Градски парк во Скопје. Песната е снимена во ГМП студио во Базел, Швајцарија и Морис студио во Загреб, Хрватска, а песната ја снимале Дон Карло Џовани (Базел) и Филип Видовиќ (Загреб), кој стои и зад миксот и мастерингот.

 

 

Би можело да ве интересира

Денеска е Иванден -Прилепчанки месат кравајчиња за здравје и бериќет

Елизабета Филипоска

Бидeте дел од хуманитарната акција “Божик 2021“ при храмот „Св.Благовештение“ – Прилеп

Елизабета Филипоска

Атлантис на Витаминка повторно е розов за да се зголеми свесноста за рак на дојка

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе