19.6 C
Прилеп
петок, 3 јули, 2026
Пела Радио

Архиепископот Стефан доби копија од Привилегијата од Леополд Први од професорот Дуртаноски

Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, денеска во својот кабинет оствари средба со проректор на Европската христијанска академија од Летонија професор Георги Гоце Дуртаноски од Рига. На средбата, професорот Дуртаноски му подари на Архиепископот реконструирана копија од Привилегијата дадена на Македонците од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки во 1690 година.

Авторот на овој уникатен документ во калиграфски препис е проф. Георги Гоце Дуртановски. Со овој историски документ од 1690 година – Привилегија од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки дадена на Македонците, царот Леополд го прифатил барањето за заштита на Македонците од турското ропство, барајќи од нив да се приклучат во борбата против заедничкиот непријател.

Ова е втора копија – првата професорот Дуртаноски ја подари на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова како највисока државна институција, а втората копија за највисоката црковна институција.

Извор: официјална страна на Македонска Православна Црква Охридска Архиепископија

Би можело да ве интересира

Уапсени тројца прилепчани, пукале од возило, пронајдени оружје и муниција

И, децата од 12 до 16 години од понеделник ќе можат да се вакцинираат, но со согласност на родителите

Домаќинското работење донесе заштеди за Општина Крушево

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе