11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Сликовница „Иван и Илина“ за надминување на стереотипите према децата со попреченост

Во паралките на инклузивното  ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп беше промовирана детската едукативна сликовница „Иван и Илина“ .Сликовницата е приказна од секојдневието, која отсликува неколку реални ситуации на едно типично дете кое ќе се сретне со дете со Даунов синдром.

Автор на сликовницата е Мимоза Петревска Георгиева, новинарка и мајка на девојче со Даунов синдром, а илустратор е академската сликарка Маја Стефановска.Авторката вели

 Ова е приказна за едно поинакво пријатлетство која ги отсликува запрашаноста, дилемите и стравовите со кои се соочува едно типишно дете кога првпат ќе сретне дете со Даунов синдром.  Точноста и прилагоденоста на одговорите што ги добива од возрасните, е клучен фактор во процесот на градењето позитивен став кон  поинаквите врсници. Со оглед на тоа што литература од овој тип речиси и да не постои кај нас, се надвеам дека оваа книшка ќе биде и некаква едукативна алатка која ќе им помогне и на наставниците полесно да разговаат со учениците на оваа тема. Токму затоа сликовницата ќе се подели бесплатно во  неколку училишта и училишни библиотеки во Прилеп, Штип, Струмица, Тетово и Скопје. Така таа ќе му биде на дофат на секое дете кое трага по одговори .

Инаку, сликовницата е наменета за деца на возраст од 7-12 години, бидејќи истражувањата покажувало дека токму на оваа возраст децата ги градат негативните стереотипи за луѓето со каква било различност.  На крајот од сликовницата се поместени корисни совети напишани на приемчив јазик за децата , за тоа кои се спецификите на нивните врсници со Даунов синдром, како и корисни препораки како да се однесуваат со нив.

Пораката за пријателството меѓу Иван и Илина укажува на тоа дека со негувањето на довербата и отвореноста, како и со правилен воспитен и едукативен пристап може успешно да се надмине формирањето на негативни стереотипи кон децата со попреченост и да се гради една вистински инклузивна заедница. Во тој процес клучната улога ја играат родителите на децата, наставниците, дефектолозите, психолозите, педагозите во училиштето.

Печатеното  издание на сликовницата е на македонски и албански јазик и е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, во едиција на здружението „Сината птица“.

 

Би можело да ве интересира

Отстапка нема – втор ден протести на прилепските пензионери

Пела Редакција

Во Прилеп повеќе улици без напојување со електрична енергија

Пела Редакција

Исплатени субвенциите за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе