7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Пред Бадник горат коледарските огнови!

Македонија е земја на празници, a Новогодишните и Божикните празници се приказна за себе. Вечерва традиционално луѓето се собираат околу коледарските огнови. Бадникарските огнови се палат низ целата држава ноќта во пресрет на Бадник. Оваа појава е многу популарна во последните години и речиси секое маало пали свој оган. Соседите се собираат околу огнот, се почнува со пред божикното славење, се кажуваат шеги, се слави со ора и песни. Вечерва покрај огнот  е посн трпеза, бидејќи во тек се божиќните пости. На трпезата има риба, сарми, салати, пити, гравче,овошје… Сепак заштитен знак на ваквите собири е греаната ракија која е совршен „еликсир“ за загревање во студените зимски вечери. Етнолозите  тврдат дека коледарските огнови потекнуваат од паганско (безбожно) време кога се славело сонцето,а свештените лица сметаат дека сепак се слави оној кој го создал сонцето, небото, земјата и универзумот.

Утре ,пак на врата на семејстват ќе зачукаат коледарчиња,кои ќе бидат послужени со костечиња,овошје,смокви и јаткаски плодови.Пеејќи пригодни песни те се предвесниците на  Христовото раѓање.

Би можело да ве интересира

Додека политичарите мудруваат, земјоделците осиромашуваат!!!

Гордана Цветаноска

Индустриската зона „Металец„ утре десет часа ќе остане без струја

Општина Прилеп го осудува насилството и бара МВР и ОВР Прилеп да понесат одговорност

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе