7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Здружението „Преродба„-што е важно за Бадник?

Во духот на традиција Здрижението Преродба  традиционално  го одбележаа Бадник , денот пред раѓањето на Исус Христот, последен ден од Божиќните пости. Подготвија посна трпеза,  со многу слатки, посни јадења,гравче,сарма, овошје, костени, ореви,бадеми,локум, месени посни пити, беа дел од богата трепзата на Здружението „Преродба„.Ние од нашето постоење ја негуваме бадниковата трпеза и Бадник.-вели претседателот на Здружението Лилјана Ѓорѓиоска

Бадник е ноќта на мирот, радоста и сплотеноста, кога будни се дочекува раѓањето на Христос. Секое православно семејство во своите домови  украсени со бадникови гранчиња симболично ја очекува веста за раѓањето на Исус Христос.А,кога ќе дојде голмиот празник Божиќ, христијаните ќе си честитме со зборовите„Христос се роди-навистина се роди“!- вели Ѓорѓиоска 

Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6-ти. јануари секоја година, а Божиќ на 7-ми. јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден – Христовото раѓање. Бадник е ноќта на мирот,радоста и сплотеноста на семејството кое будно го чека Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости. Зборот Бадник доаѓа од зборот да бидеш буден. Таа ноќ сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, и од тоа се таа ноќ е наречена: бадник – будник“.

 

Посн трпеза

Бадник е празник кој се прославува во кругот на семејството. Традиционално, во Македонија семјството се собира на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и друго, што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година.

Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така заедно со храната да остане цела ноќ.

Се вели пред Бадник и Божиќ,кади и да си дома да си!

Би можело да ве интересира

Oд денеска почнува пролетта

Елизабета Филипоска

Прилеп го одбележа Меѓународниот Ден на Ромите

Елизабета Филипоска

„Преродба“: Чудесната моќ на првото велигденско јајце?! Како се подготвува?

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе