14.4 C
Прилеп
понеделник, 16 септември, 2024
Пела Радио

Помош за лицата кои им треба спас од новот студен бран

Во Прилеп нема регистрирано бездомници. Но, поради екстремно ниските температури , луѓето кои немаат покрив над главата или се соочуваат со проблеми за затоплување на домот, можат да побараат помош од МЦСР – Прилеп, кој ги покрива териториите на Општина Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Сите оние, кои имаат потреба од ваква помош, заштита од студ, можат да контактираат на броеви : 071/ 397272, Црвен Крст, тел. 070/ 791707 и  МЦСР- Прилеп, тел.  070/ 208091

„Моментално во овие Општини немаме регистрирано бездомници, но факт е дека категоријата бездомници некогаш е невидлива, а постоечка. Досега никој не ја побарал нашата помош за да се заштити од студот. Ние, заедно со Министерството за труд и социјална политика и Црвениот крст на Р.Македонија, обезбедивме прифатилиште  за бездомниците, па доколку се појават лица ,бездомници,кои би ја побарале нашата помош, би ги прифатили и би им помогнале.“- истака директорот на МЦСР Прилеп, Живко Силјаноски

Привремените прифатилишта за бездомници се наоѓаа во Битола,Струмица и Струга (покрај, Скопје). За бездомниците во прфатилиштата е обезбедена лекарска помош , помош од социјален  работник и согласно потреби екипите работат на намалување на ранливост и подобрување на здравствената состојба на лицата бездомници. Покрај овие услуги, корисниците можат да добијат облека, храна и други материјални добра.

Инаку, најниска температура од минус 15 степени изутринава (09.01 2019) е измерена  во Битола. Минус 12  во Берово и Прилеп, минус 11 во Струмица, а девет степени под нулата во Скопје.

УХМР најавува нов студен и влажен бран со пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 30 см, а на планините позначителна, над 50 см. Заради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Би можело да ве интересира

Пратеничката Кети Смилеска e заразена од кронавирусот

Елизабета Филипоска

Наклон за хероите по повод 116 години од „Битката кај Ножот“

Пела Редакција

Народна банка алармира на појава на фалсификувани банкноти од 2.000 денари

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе