20.2 C
Прилеп
среда, 8 јули, 2026
Пела Радио

Наградени над 300 ученици за освоени медали во спортските општински натпреварувања

Во организација на Сојузот на училишен спорт – Прилеп, денеска беа доделени плакети и стауетки на над 300 учениците од основните и средните училиштата во Прилеп, кои биле општински прваци во 20 тина колективни спортски дисциплини, во женска и машка конкуренција,  за учебната 2025/2026 година.

„Организирани беа бројни спортски манифестации кои покажаа дека училишниот спорт во Прилеп има континуитет, квалитет и сериозна посветеност. Овие пехари и признанија се потврда за системска работа, за вложениот труд на учениците, наставниците и менторите, како и за поддршката од училиштата“  велат организаторите.

„Спортот ги учи младите на дисциплина, тимска одговорност, почит и истрајност, вредности што се темел за здраво и силно општество. Им честитам на сите наградени ученици и училишта и на Сојузот на училишен спорт за нивната посветеност.“, посочи градоначалнкот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

Општина Прилеп најави дека ќе продолжи со активна соработка и поддршка на училишниот спорт и во наредниот период во насока на подобрување на условите за спортување, модернизација на спортската инфраструктура и создавање можности што ќе им овозможат на младите да го развиваат својот потенцијал во спортот.

Би можело да ве интересира

Награда од Oпштината за пожртвуваност на пожарникарите во гаснењето на пожарите ова лето

Пела Редакција

Две јавни чешми – едната на Плетвар, другата во Лениште, немаат исправна вода за пиење

Објавен конкурсот за попишувачи и инструктори,колку се потребни за Прилеп?

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе