11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Од утре стартува исплатата за обесштетување на сточарите за угинатиот добиток од „јазлеста кожа“

Од утре – 5.12.2017, започнува исплатата на обесштетувањето на сточарите чиј добиток минатата година угина од болеста „јазлеста кожа“. Опфатени се 242 сточари на кои што им угина добитокот поради оваа болест во 2016 година. Вкупниот износ за обештетување е 15 милиони денари. Обештетувањето ќе биде 100 проценти од проценетата вредност на угинатото животно, а до крајот на месецов ќе се заврши со исплатата.

Во делот на исплатата на субвенциите, информациите од надлежните служби се дека досега се исплатени околу 92 милиони евра субвенции.За доисплата остануваат околу 4,5 милиони евра за 2016 година, што се дел од вкупно 100-те милиони евра пренесени обврски од претходни години.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Гасоводот стигна до Плетвар

Стоби флипс и Брилијант на Витаминка се најпознати брендови на македонскиот пазар

Гордана Цветаноска

Без утврдени цени, се подготвуваат договорите пред новата реколта

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе